Украина не добила конкретни предлози од ЕУ за обезбедување на финансиска помош

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Украина, Леонид Кожара изјавил дека Украина не добила конкретни предлози од ЕУ за обезбедување на финансиска помош, пренесуваат локалните медиуми.

Според него, Украина има потреба од средства за стабилизирање на финансиско-економската ситуација, но досега од ЕУ не пристигнале никакви предлози за помош.

„Што се однесува до финансиската помош, таа досега не е формулиран ниту од страна на ЕУ, ниту од страна на меѓународните финансиски институции како посебен пакет за финансиска помош. Ние не сме добиле конкретни предлози, а чекаме да ни бидат обезбедени истите“, рекол Кожара пред новинарите.