Украина не смее да биде продадена во мировните преговори со Русија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас.
– Мораме да обезбедиме идните разговори да не завршат со продажба на Украина или со повторување на грешките од минатото, рече Трас пред британските пратеници и потсети на „непријатната спогодба од 2014 година, која не успеа да обезбеди трајна безбедност за Украина“.
– Путин штотуку се врати по повеќе. Затоа не можеме да дозволиме да извлече победа од оваа страшна агресија, рече таа.