Украина бара екстрадиција на отповиканиот претседател Виктор Јанукович, кој што се наоѓа во Русија , соопшти канцеларијата на украинското главно обвинителство, пренесе „Ројтерс“.
Украинското обвинителство ќе постави прашање за испорачување на украинскиот државјанин Виктор Јанукович, за кого е распишана меѓународна потерница.
Рускиот претседател Владимир Путин, за состојбата во Украина телефонски разговараше со британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпеј, соопшти прес службата на Кремељ.
Во соопштението се наведува дека е особено важно да не се дозволи понатамошна ескалација на насилството и што поскоро да се нормализира состојбата.
„Ројтерс“ пренесе дека Камерон му рекол на Путин дека Русија мора да го почитува територијалниот интегритет на Украина. Портпаролот на Даунинг стрит рекол дека британскито премиер му телефонирал на Путин за да разговараат за ескалација на напнатоста на Крим.