
Украина треба да реши кога ќе постојат услови за преговори за ставање крај на војната со Русија, изјави во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакнувајќи дека Алијансата не го променила својот став по тоа прашање.
„Украинците и само Украинците се тие кошто можат да донесат одлука за тоа кога ќе постојат услови за преговори. Тое се оние кои на преговарачката маса може да донесат одлука што е прифатливо решение“, изјави Столтенберг.
Зборуваќи на конференција во норвешкиот град Арендал, додаде дека улогата на НАТО е да ја помага Украина.
Столтенберг ова го изјави откако шефот на неговиот кабиен Стиан Јенсен во вторникот изјави дека Украиан во крајна линија можеби ќе мора да се откаже од територии во полза на Украина во рамките на договор за завршување на војната, По критиките, Јенсен рече дека му е жал поради таа изјава.
За можноста Украина да го добие членството во НАТО во замена за остапување на територии на Русија, за норвешкиот весник Verdens Gang Јенсен зборуваше во интервју објавено во вторникот и притоа истакна дека во Алијансата веќе било дискутирано по тоа прашање.
„Мислам дека решението може да биде Украина да се откаже од територија и за возврат да добие членство во НАТО“, рекол Јенсен кого го цитираше весникот.
Јенсен истакна дека во моментов има значителен напредок во однос на прашањето за идното членство на Украина во НАТО. Но истовремено тој нагласува дека отстапувањето на регионите кои сега се под контрола на руската војска може да биде еден од можните начини за постигнување компромис меѓу Киев и Москва.
Без да даде поединости и факти, Јенсен додаде и дека прашањето за предавање на териториите наводно веќе било покренато во рамките на НАТО. Според него, „сите се заинтересирани да не се повтори воениот конфлит во источна Европа“.
„Неговата (на Јенсен) порака е истак како и мојата порака, којашто е главната порака на НАТО, а тоа е дека политиката на НАТО не се променила, ние ја поддржуваме Украина“, рече Столтенберг.
На тоа жестоко подоцна реагираа од Киев, а советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подолјак порача во вторникот дека Украина нема да тргува со своите територии за членство во НАТО, како одговор на размислувањето во таа насока изречено од функционер на Северноатлантскиот воен сојуз.
„Да се размени територија за чадорот на НАТО? Чудно. Односно, тоа значи свесно да се избере да биде поразена демократијата, да се охрабри глобалниот криминалец, да се зачува рускиот режим, да се уништи меѓународното право и да се пренесе војната на другите поколенија“, објави Подолјак на социјалната мрежа X, поранешната Twitter.
Додава дека обидите да се зачува постојниот светскиот поредок и триумфот на рускиот претседател Владимир Путин нема да донесат мир во светот, туку нова војна.
„Зошто го предлагаат посакуваното од Русија сценарио за замрзнување на конлфиктот, наместо забрзување на испораките на оружје?“, прашува Подолјак.
Иако во Киев се надеваа, на самитот на Алијансата во Вилнис на 11-ти и 12-ти јули, Украина не доби покана за членство во блокот кој ѝ пружа огромна помош во обидот да ги истисне руските војски од својата територија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, порача дека сепак украинското членство во иднина не е доведено во прашање, но предупреди дека за тоа мора да биде извојувана воена победа над Русија.
НАТО во завршната декларација од самитот наведе дека Украина ќе биде поканета во членство кога „члеките ќе се договорат и ќе бидат исполнети условите“, како и дека земјата има право самата да го избира својот пат независно од Русија.