Украина со дневен рекорд од над 4.000 новозаразени со коронавирусот

Украина забележала рекодни 4.027 случаи на зараза со короанвирусот во изминатите 24 часа, повеќе од претходниот рекорд од 3.833 заразени на 26-ти септември, објави во средата Советот за национална безбедност.

Дневниот број новозаразени во септември се зголеми на повеќе од 3.000, поради што владата во Киев ги продолжи карантинските мерки до крајот на октомври.

Советот соопшти дека во земјата до 30-ти септември регистрирани се вклупно 208.959 случаи на коронаинфекции и 4.129 смртни исходи поврзани со Covid-19.