Во Украина е срушен и споменикот на еден од најголемите генерали во руската историја, Михаил Кутузов, кој му нанел голем пораз на Наполеон, пренесуваат тамошните медиуми.
Скулптурата од постаментот ја отстраниле општински работници, а потоа постаментот бил целосно уништен.
Според информациите на локалните медиуми, на местото каде што бил споменикот на Кутузов ќе биде подигнат нов, посветен на жртвите од протестите со кои што од власта е симнат претседателот Виктор Јанукович.
Украинската националистичка партија „Свобода“, која ја имаше клучната улога во протестите во Киев, се обидувала да го отстрани овој споменик од 2008-ма година, тврдејќи дека тоа нема никаква поврзаност со историјата на Украина.