Украина вели дека не ги одбила преговорите, туку не ги прифатила руските ултиматуми

Украина во саботата негираше дека ги одбила преговорите за прекин на непријателствата од Русија, но истакна дека не се согласува на „ултиматуми“ или „неприфатливи услови“.

Михаил Подолјак, советник во кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави за агенцијата Reuters дека Киевр ги подготвила преговарачките ставови но дека се соочила со условите за преговори кои ги поставила Русија.

„Вчера агресивните акции на вооружените сили на Руската Федерација ескалираа преку денот и ноќта со масовни воздушни и ракетни напади врз украинските градови. Сметаме дека таквите акции се само обид да се скрши Украина и да се натера да ги прифати категорички неприфателивите услови“, тврди Подолјак во електронската порака до агенцијата.

Советникот на Зеелнски всушност го потврди обвинивањето кое претходно во саботата го изрече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дека Москва не добила никаков одговор од Киев,.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, ја обвини Украина дека е одговорна затоа што не се случија преговорите, бидејќи ги одбила.

„Вчера (петокот) во текот на денот, очекувајќи ги преговорите, рускиот претседател нареди запирање на напредувањето на повеќето (руски) единици. Имајќи предвид дека украинската страна ги одби преговорите, денеска продолжи напредувањето на руските сили“, рече Песков.

Одбивањето на преговорите од страна на Зеленски, очигледно е донесена под влијание на Вашингтон од каде соопштија дека „руската понуда не може да се смета за веродостојна“.

Москва во петокот објави дека му предложила на Киев преговори во белоруската престолнина Минск, каде што веќе во 2014-та и 2015-та година со посредство на Франција и Германија беа постигнати мировни договори меѓу Украина и нејзините одметнати проруски региони на истокот од земјата.

Во петте точки рускот Министерство за надоврешни рабпоти беше истакното дека целта на преговорите е смена на марионетската влада во Киев и дека по воената операција Русите ќе се повлечат, бидејќи „не им треба украинската територија“, а атаму ќе преговараат. Сепак, едно од барањата е сегашните Донецка и Луганска Народна Република да ја прошират својата територија на целиот географски регион на Донецк и Луганск.

Руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина. Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се:

*Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил.

*Територијата на „Донецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск.

*Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција.

*На Русија не ѝ е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира.

*Кога ќе бидат можни нови власти во Украина и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив.