Поранешниот украински војник кој на 11 септември нападна две Украинки во францускиот град Рокбрун-Кап-Мартен се соочува со затворска казна, објави главниот обвинител на Ница, Ксавиер Бономат.
„На 12 септември 2022 година, две жени со украинско потекло поднеле жалба до полициската станица во Ментон за насилството што го претрпеле претходниот ден во градот Рокбрун-Кап-Мартин. За време на сослушувањето во полиција, обвинетиот, исто така со украинско потекло, признал дека бил насилен, обидувајќи се да го ублажи обемот на нападот“, се наведува во документот, пренесува Спутник.
Во интервју за локалниот весник „Ница-Матин“, двете жени изјавиле дека се убедени дека напаѓачот е Русин и дека бил насилен кон нив затоа што слушале песна на украински јазик, во која имало антируски слогани.
Според локалниот весник, осомничениот е всушност поранешен украински војник кој на полицијата и објаснил дека мислел дека двете жени се Русинки.
Украинецот може да добие тригодишна затворска казна и парична казна од 45.000 евра, изјави обвинителот.
Пред француската полиција да објави дека уапсила Украинец, а не Русин, портпаролот на министерот за надворешни работи на Украина, Олег Николајенко, изјави дека е неопходно да се најдат одговорните за таквиот „одвратен настан“.