Украинската армија информира дека ослободила седум села кои беа под руска окупација

краинската контраофанзива резултираше со ослободување на седум села кои претходно беа под руска окупација, изјави Олекси Хромов, портпарол на Генералштабот на Украина.

„Вратена е контролата на 100 квадратни километри украинска територија. Украинските единици продолжуваат со нападите на север и на југ од Бахмут, градот во регионот Доњецк што го зазедоа руските сили претходно оваа година, изјави Хромов на прес-конференција во Киев.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили покажуваат „силен отпор“, при што украинските војници се попречени од тежок артилериски оган и беспилотни летала камикази.