Украинската позиција во Северодонецк „малку се влоши“, вели гувернерот

Ситуацијата на украинските војски „малку се влошила“ во Северодоенцк, на работ на одметнатиот проруски источен регион Луганск, но ги брани своите позиции во индустриската зона додека се водат жестоки борби, изјави во понеделникот именуваниот од Киев регионален гувернер Серхиј Хајдај.

Украинските сили се обидувале да ги задржат своите позиции, откако објавија дека наводно повторно заземале половина од речиси целосно опколениот град во Луганск, каде проруските сили поддржани од руската војска ги концентрираа своите операции во речиси целосното заземање на областа Донбас.

Најжестоките борби се водат во Северодонецк, а ситуацијата на теренот сега брзо се менува, изјави Хајдај за националната телевизија.

„Нашите бранители успеаја да изведат противнапад, ослободија речиси половина град. Но сега ситуацијата повторно малку ни се влоши“, рече Хајдај.