
Шест проектили го погодиле во саботата украинскиот црноморски пристанишен град Одеса, соопшти порптаролката на јужниот воен округ на командата на Украина.
Портпаролката Наталија Хуменјук изјави дека четири ракети погодиле фабрика за покуќнина сместена во станбена населба, додека другите две ја погодиле од претходните денови оштетената писта на воениот аеродром крај Одеса.
Додава дека инфорамциите за жртви и настрадани се проверуваат.
Портапролот на обласната администрација Серхиј Братчук, исто така, објави дека четири ракети во саботата го погодиле регионот околу Одеса, но дека нема жртви.
Локалните медиуми известуваат дека во градот се слушаат експлозии, можат да се видат ракети, како и дека е активирана противракетната одбрана на Одеса,
Агенцијата Reuters пишува дека не може веднаш да ги потврди информациите.
Истовремено шефот на Обласната воена администрација на Одеса, Сергеј Марченко, објави дека во од неделата вечерта во 22 часот до 5 часот наутро на 10-ти мај во градот на сила ќе биде полициски час, и ќе се однесува на целата територија на регионот.
Во Одеса, град со над милион жители основан на крајот од XVIII век, живее значителна руска и рускојазнична заедница, а од ноември 2013 до мај 2014 година градот беше сцена на постојани протести и контрапротести меѓу приврзаниците и противниците на ткн киевски Евромајдан, кој заврши со палење на Домот на синдикатите од страна на крајно десните украински групи и загинување на 50 проруски активисти на 2-ри мај 2014 година за што досега никој не одговарал . Потоа градот целосно е ставен под воена контрола на украинските сили а во мандатот на претседадателот Петро Порошенко за гувернер на Одескиот регион беше поставен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.