Украински заробеници известиле за инструкции од Киев да се подготват видеа со масакри, вели Москва

Украинските војници коишто им се предале на руските сили изјавиле дека паравоените формации од припадници на крајно десните групации добле наредба да прават видеа за наводно масакри на цивилите, обвини генерал-полковникот Михаил Мизинцев, началник на рускиот Национален центар за управување со одбраната.

„Националистичките баталјони систематски добиваат инструкции од властите во Киев да подготват монтирани видео-снимки за ѕверства и масакрим над цивили, ограбувања и уништување на јавната инфраструктура коишто наводно ги извеле руските војници“, изјави во вторникот вечерта Мизинцев.

Според негов, целта на таквите материјали е создавање негативна информативна атмосфера во врска, како што Москва официјално ја нарекува, специјалната воена операција во Украина.

„Особен цинизам на националистите се состои во тоа што тие прават сѐ за да ги остварат таквите наредби, нештедејќи ниту жени, ниту старци, ниту деца“, додаде Мизинцев.

Истовремено предупреди дека поради борбените дејствија во многу украински градови и села, се јавува хуманитарна катастрофа.

Вината за таквата состојба, руското министерство за одбрана ја префрла на властите во Киев коишто одбивале да го координираат хуманитарните коридори. Покрај тоа, според Мизинцев, крајно десничарските украински формации и натаму повеќе од 4,5 милиони цивили „ги држат во заложништво како жив штит“ во Киев, Харков, Чернигов, Суми и други градови недозволувајќи им да се евакуираат во безбедните области.