Украинскиот омбудсман најави средба со неговиот руски колега

Народниот правобранител за човекови права на Украинската Врховна Рада (парламентот), Дмитриј Лубинец, посочи  дека можеби ќе се сретне со неговата руска колешка Татјана Москалкова подоцна овој месец за да разговара за размена на цивили под кривична истрага.

„Ќе преговараме овој месец, ќе се сретнам со Москалкова подоцна овој месец кога одделно ќе преговараме за ослободување на цивилите. Од наша страна разработивме неколку опции, но не знаеме дали Русија ќе ги прифати“, изјави тој за телевизијата Рада.

Претходно, руската омбудсманка рече дека Москва и Киев преговараат за размена на цивили кои се под кривична истрага.