Украинските војници, вклучително и нивните команданти, масовно користат марихуана и амфетамини, пренесоа изминатите денови руските медиуми цитирајќи го Василиј Ковалчук, припадник на 92-та бригада на украинските безбедносни сили.
„Во армијата започнав да користам марихуана, пушев многупати додека ги извршував секојдневните обврски/. Некои од командантите знаеја дека пушам. Понекогаш и бараа да им донесам“, појаснил украинскиот војник, пренесува агенцијата РИА.
Според него, тој не само што користел дрога, туку почнал да ги снабдува со наркотици и другите активни војници. Ковалчук појаснил дека дрогите ги набавувал преку локалните таксисти, кои биле „заштитени“ од припадници на украинското министерство за внатрешни работи.
„Војници од единиците кои беа стационирани во Шчастја, во Стар Ајдар (град во Лиганскиот регион), исто така, ми давале пари, ја купував и им ја носев дрогата. Се возев со локални таксисти коишто ги познавал од 2018 година. Нарачките билаод „чашка“/ две или три марихуана, а амфетамини по 5 или 10 грама во седмицата. Ја носев само на една позиција“, додал Ковалчук.
Појаснил и дека дури бил и очевидец на размена на муниција и оружје за наркотици.
„Имаше еден случај кога дознав дека некои војници почнаа да менуваат гранати со цивил за марихуана… Чашка трева и 15-20 грама амфетамин за граната….“, раскажал Ковалчук.