
Непознато лице украло 1.000 денари од кругот на „Шарена џамија“ во Тетово, информираше МВР.
Според полицијата, кражбата се случила ноќта меќу петокот и саботата. Тогаш непознат сторител насилно отворил неколку каси за доброволен прилог поставени на оградата од каде одзел околу 1.000 денари.
При обид да влезе во џамијата, бил забележан и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.