Јулија Навална, сопругата на починатиот руски опозициски блогер Алексеј Навални, во средата ги повика европските политичари и официјални претставници да ги истражат финансиските текови на Запад поврзани со рускиот претседател Владимир Путин и неговите сојузници.
Јулија Навална, која е жестоко критикувана од мајката на нејзиниот сопруг Људмила Навална која вели дека двојката повеќе од три години не била во брак и оти сопругата на којашто не ѝ е забранет влезот во Русија никогаш изминатите две години не го посетила Алексеј во затворот, продолжи со своите обраќања во западните институции, овојпат пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур, 12 дена откако нејзиниот сопруг ненадејно почина во руска казнена колонија на 47-годишна возраст.
Во црн фустан со бела јака и обрабување, таа беше пречекана со овации во Европскиот парламен
Во својот говор, Навална ги обвини руските власти предводени од претседателот Владимир Путин дека го организирале убиството на нејзиниот сопруг, што Кремљ го негира. Јулија Навална рече дека ова „јавно убиство“ уште еднаш покажало дека „Путин е способен за сѐ и не може со него да се преговара“. Таа изрази загриженост дека „ниту една од рестриктивните мерки на ЕУ всушност не ја спречи руската агресија против Украина“.
„Путин е водач на организирана криминална група. Таа вклучува трујачи и убијци, но тие се само марионети. Најважните луѓе се блиски до Путин – неговите пријатели, соработници и чувари на парите од мафијата”, рече Наална.
Во овој контекст, таа повика на „поиновативни идеи“ за оневозможување на режимот на Путин, како на домашен терен, така и во дел од неговите соседи.
„Вие, како и сите ние, мора да се спротивставите на оваа криминална група. А политичката иновација овде значи борба против организираниот криминал, а не политички натпревар. Не изјави за загриженост, туку потрага по соработници на мафијата во вашите земји, за оние дискретни адвокати и финансиери кои им помагаат на Путин и неговите пријатели да ги сокријат парите“, рече Јулија Навална.
Писочи дека „во оваа борба имате сигурни соработници – десетици милиони Руси кои се спротивставуваат на Путин, војната и злото што тој го носи“ и заклучи: „Путин мора да одговара за тоа што ѝ го направи на мојата земја. Путин мора да одговара за што ѝ направи на мирната соседна земја. А Путин мора да одговара за сѐ што му направи на Алексеј“.
Јулија Навални вети дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг, повикувајќи ги Русите да го споделат нејзиниот гнев против Путин и се состана со западните политичари, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, минатата недела. Таа рече дека телото на нејзиниот сопруг наводно покажувало знаци на малтретирање и дека не е сигурна дали неговиот погреб во петок ќе биде мирен настан.