Ултиматум до Нетанјаху – Ако не го нападнеш Рафах, оди си!

Поради извештаите за напредокот во преговорите за прекин на огнот и намалувањето на присуството на израелската војска во Појасот Газа, израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир во понеделникот постави ултиматум до премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја продолжи војната против Хамас.

„Ако премиерот одлучи да ја заврши војната без напад врз Рафах со цел да го порази Хамас, тој нема да има мандат да продолжи да биде премиер“, објави Бен-Гвир на X.

Во меѓувреме, министерот за финансии Безалел Смотрич ги повика министрите и пратениците од неговата ултранационалистичка Религиозна ционистичка партија на итна консултација за дојдовните извештаи.

Коалициските партии сметаат дека Нетанјаху „попушта во војната“ и нема намера да ги исполни своите ветувања за „уништување на Хамас“ и постигнување „тотална победа“.