Умерен земјотрес повторно вечерва го стресе Полошко

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерв, на 12.11.2020 година во 22 часот и 02 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на  50 киолеметри југозападно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Нов земјотрес со послаба јачина рано утринава беше почувствуван во Македонија.

Податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) го регистрираа овој потрес во 4,51 часот четвртоткот утрото, повторно во мавровскиот регион.

Потресот бил со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Македонија претходно во средата утрото во 4,54 часот наутро беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5 степени, по што следуваа поголем број потреси со послаб интензитет. Земјотресот беше почувствуван и во земјите од регио