Британија го забележа дневниот рекорд со над 33.000 нови коронаинфекции

Велика Британија во четвртокот извести за 33.470 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е најголем дневен број на инфекциите, во моментите кога владата се обидува под контрола да го стави вториот бран на епидемијата пред да настапи зимата.

Бројот на смртните исходи како последица од компликациите предизвикани од коронавирусот во Велика Британија е највисокиот во Европа, а бројот на починатите е поголем во светот само во САД, Бразил, Индија и Мексико.

Бројот на починатите во последните 24 часа во четвртокот изнесува 563 луѓе, што е малку помалку од 595 колку беа, со што вкупната бројла смртни исходи во Британија се приближи до 51.000.

Премиерот Борис Џонсон нареди враќање на карантинот во Англија во текот на триесет дена, бидејќии ставува дека растот на бројот на заразените би можел да ги надмине капацитетите на здравствениот систем.

Британската опозиција ја критикуваше владата поради „пребавното“ воведување на карантинот, недоволната заштитна опрема и неуспех во заштитата на повозрасните во домовите за пензионери.