Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со несекојдневна иницијатива испрати порака и даде поддршка на Чуварите на демократијата, пренесува „Курир“.
-Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, утрово со велосипеди тргна кон Скопје, по пат ни се приклучија од УМС од Тетово, а во Ѓорче Петров ни се приклучи УМС од Ѓорче Петров. Дојдовме тука за да дадеме поддршка на чуварите на демократијата кои деноноќно кампуваат тука, а со самото тоа да дадеме поддршка и на Владата на Република Македонија и на премиерот Никола Груевски, изјави Васко Момировски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар.
Велосипедистите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ испратија порака дека демократијата не се спроведува преку насилно преземање на власта туку на избори, каде народот го дава својот глас на оној на кому најмногу му верува.