Јунајтед, Тотенхем и Саутемптон одат натаму во ФА Купот

Во последниот натпревар во саботата во рамките на во четвртото коло од англискиот ФА Куп Манчестер Јунајтед на домашен терен со сигурни 3:1 го совладаа Рединг.

Сте погодоци на „Олд Трафорд“ беа постигнати во кус интервал во вториот дел, а „Црвените ѓаволи“ до очекуваната победа против второлигашот дојдоа преку бразилскиот тандем. Каземиро погоди во 54 и 58 а Фред зголеми на 3:0 во 66 минута. Гостите, 16-то пласирани во Чемпионшио, а кои од 65 минута играа без исклучениот Енди Карол успеаја да намалат во 72 минута со голот на Амаду Салиф Мбенгуе.

На многу едноставен начин фудбалерите на Тотенхем ја завршија работата, совладувајќи го на гости второлигашот Престон со 3:0.

Во моментов 11-то пласираниот тим во втората англиска лига одолеваше на нападите на гостите од Лондон во текот на првото полувреме, но во продолжението фаворизираниот Тотенхем со малку повеќе сериозност ги постави работите на свое место. Првите два погодока во 50 и 69 минута ги постигна јужнокорејскиот напаѓач Хеунг Мин-сон а во 87 минута погоди Арно Данжума.

Саутемптон на домашен терен со 2:1 го победи Блекпул, моментално последниот тим на табелата во втората лига. До крајот на мечот Саутемптон стравуваше за победата, но на крајот успеа да се пласира во наредното коли и тоа најмногу благодарејќи на својот одбранбен играч Ромен Перод, Французинот имено ги постигна двата погодока во 22 и 62 минута, а конечниот резултат го постави Чарли Патино во 67 минута.

Натаму мина и Бристол Сити кој со 3;0 а стрелци беа Сем Бел во 12 и 48 и Алекс Скот во 28 минута. Лидс Јунајтед, исто така, оди натаму по победата од 3:1 на гости кај нисколигашот Акринготн Стенли, а Лестер Сити минимално славеше кај Волсал.

Дури пет натпревари ќе се преигруваат со тоа што денешните гости ќе бидат домаќини. Меѓу нив е и Фулам кој не одигра 1:1 против второлигашот Сандерленд, а гостите во судиското продолжение постигнаа и победоносен гол но ВАР-от го поништи поради офсајд. Ќе се преигруваат и дуелите Ипсвич – Банрли 0:0, Лутон – Гримзби 2:2, Шефилд Венздеј – Флитвуд Таун 1:1, Блекбурн – Вирмингем 2:2.

В недела се среќаваат Брајтон – Ливерпул, Стоук – Стивениџ и Рексам – Шефилд Јунајтед, додека за понеделник е закажан мечот Дерби Каунти – Вест Хем. Во петокот Манчестер Сити го победи Арсенал со 1:0 во апсолутното дерби од оваа фаза од натпреварувањето.