![mickoski-i-orban-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/mickoski-i-orban-750x430-1.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Орбáн Виктор. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка, објави премиерот Христијан Мицкоски по тет-а-тет средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во премиерската вила во Охрид.
„Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“, објави премиерот Мицкоски.
Унгарскиот премиер Орбан со владина делегација од вчера е во дводневна посета на Македонија, во Охрид. Според агендата, по средбата со Мицкоски следува меѓувладина седница.