Унгарија планира да ја укине вонредната состојба воведена поради епидемијата на коронавирусот на 20-ти јуни, соопшти во вторникот министерката за правда Јудит Варга, додека владата го подготвува законот со кој ќе го заврши периодот за носење уредби со законска сила во текот на здравствената криза.
Владата на унгарскиот премиер на почетокот од кризата доби областување од парламентот да носите посебни овластувања, што беше критикувано од челниците на Европската унија поради тоа што законот не содржеше временски рок. Виктор Орбан на тоа порача дека парламентот во секое време да ги укине специјалните овластувања, за кои посочи дека се неопходни за запирање на ширењето на епидемијата и спречување на екононмските последици од неа.
Запрашан од новинарите дека на 20-ти јуни ќе бидат и укинати специјалните овластувања кога ќе се укине и вонредната состојба воведена поради кризата, портпаролот на владата во Будимпешта, Золтан Ковач реле дека „по дефиниција тие две работи одат една со друга“.
Министерката за правда Јудит Варга, во најавувајќи го во објава на социјалните мрежи 20-ти јуни како датум за укинување на вонредната состојба, на критиките од Брисел одговори дека се „неосновани напади“. Додава приота дека „Очекуваме (нашите критичари) да се извинат за водење валкана кампања наместо да соработуваат во одбраната (од коронавирусот).
Парламенотот, во кој доминира конзервативната партија Фидеш на Виктор Орбан, гласањето за укинувањето на вонредните овластувања треба да го одржи следните две седмици.
Унгарија севкупно пријави 3.771 случаи на зараза од коронавирусот и 499 смртни исходи до вторникот. Тоа е многу помал број споредено со другите членки на ЕУ, а се должи на тоа што Будимпешта многу рано реагираше со воведување на строгиот карантин, кој владата полека го попушта од почетокот на мај.