Унгарија повторно ја продолжи вонредната состојба

Унгарскиот парламент во понеделникот го одобри продолжување на вонредната состојба за уште 90 дена поради пандемијата на коронавирусот и во тој период властите може да носат мерки како што е на пример полициски час.

На гласањето во понеделникот вечерта 133 пратиниците на конзервативно десното мнозинство гласаше „за“, а 55 пратеници беа против продолжувањето на вонредната состојба во земјата.

Овие кои се противат на продолжувањето тврдат дека владата наводно ги злоупотребува добиените овластувања, тврдејќи без основа и докази дека дури и ја укинува независноста на универзетите.

Ова е вторпат владата на премиерот Виктор Орбан да ја продолжува вонредната состојба, откако првата беше прогласена во ноември на 15 дена. Тогаш за тоа гласаше и левичарската опозција.

Вонредната состојба им овозможува на властите да воведат мерки за затворање на локалите и културните институции, како и на ила да биде полициски час кој претходно беше од 20 часот навечер до 5 часот наутро.

Ситуацијата со епидемијата на коронавирусот неодамна се влоши. Властите во понеделникот известија за 2.623 нови случаи на заразата, што е речиси двојно повеќе отколку минатата седмица. Во понеделникот се хоспитализирани и 4.500 лица, 606 повеќе отколку минатата седмица.