![ungarija coronavirus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/ungarija-coronavirus.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Унгарија во вторникот од полноќ воведува вонредна здравствена состојба и полициски час, поради зголемениот број нови коронаинфекции, што се заканува со преоптоварување на болниците, соопшти премиерот Виктор Орбан.
Унгарија во последното деноноќие потврдила повторно повеќе од 3.500 нови случаи на коронаинфекции, или вкупно 86.769 зарази од почетокот на епидемијата.
„Време е за носење нови мерки за да би можеле да ја зачуваме функционалноста на нашите болнции и да се зашитата животите на постарите“, рече Орбан во видео-пораката објавена на нговиот официјален профил на Facebook.
Појасни дека вонредната состојба ќе ѝ овозможи на владата да управува со здравствената криза преку извршни уредби и оти таа стапува на сила на полноќ.
„Мораме настрана да ги оставиме политичките расправи, потребни ни се брзо дејствување и правовремени мерки“, рече Орбан додавајќи дека во спротивен случај болниците би можеле да бидат преоптоварени кон средината на декември.
Орбан рече и дека ќе побара од парламентот да го потврди воведувањето на вонредната состојба во траење од 90 дена, и да воведе полициски час кој би траел од полноќ до 5 часот.
Во Унгарија во вторникот починале 84 лица како последица од компликациите предизвикани од Covid-19, а од почетокот на епидемијата во земјата има вкупно 1.973 смртни исходи на 9,7 милиони жители.
Податоците на Европскиот институт за превенција и контрола на волесите (ECDC) покажуваат дека Унгарија во вторникот била на третото место во Европа според бројот на смртни исходи на милион жители, по Чешка и Белгија.