Унгарија прва во ЕУ планира да набави вакцини од Кина, најави Орбан

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека Будимпешта би можело да потпише договор за набавка на кинеската вакцина против коронавирус уште денеска или утре, додавајќи дека земјата будно го следела процесот на масовната вакцинација со таа вакцина во Србија.

На почетокот на јануари, Србија доби еден милион дози од кинеската вакцина „Синофарм“ и со тоа стана првата европска земја што започна програма за масовно вакцинирање со таа вакцина, пренесува Ројтерс.

Орбан за државното радио изјавил дека кинеската вакцина ќе ја избере самиот, затоа што најмногу ѝ верува.

Унгарија на тој начин би станала првата земја-членка на ЕУ што ќе ја прими кинеската вакцина доколку биде одобрена од унгарските власти, а минатата недела стана првата земја на ЕУ што ја купи руската вакцина „Спутник ве“ (Спутник V).

Првата испорака на Синофарм може да содржи милион дози.