Унгарија сака да инвестира до 16 милијарди евра во енергетскиот сектор до 2030 година за да ги зголеми капацитетите за производство и складирање на електричната енергија и да ја намали потрошувачката на гасот, изјави во вторникот министерот за технологии и индустрија Ласло Палович.
Според долгорочниот договор кој Унгарија минатата 2021 година го потпиша со енергетскиот гигант „Газпром“ од Русија добива 3,5 милијарди кубни метри гас годишни, преку гасоводните системи во Бугарија и Србија, и уште милијарда кубни метри преку гасоводот од Австрија. Договорот, и покрај противењето на Европската унија, беше потпишан на 15 години и предвидува пониска повластена цена.
Во јули владата не премиерот Виктор Орбан ги укина повеќегодишните ограничувања на цените на комуналните услуги а домаќинствата со поголема потрошувачка, што според министерот Палкович веројатно ќе ја намали потрошувачката на струјата.
Сепак, треба да се вложи повеќе труд, додава министерот, за уделот на гасот во крајната потрошувачка на енергијата во Унгарија да се намали од минатогодишните 35 на 26 отсто на крајот од годинава. Повеќето од тоа подобрување ќе произлезе од електрификацијата од големи размени, додаде Палкович.
„Моменталната ситуација дефинитивно е мотивирачка од неколку причини“, рече Палкович на конференција на интернет-порталот со финансиски вести и информации Portfolio.hu.
До 2024 година инсталираните капацитети за користење на соларната енергија, според министерот, ќе достигна 8 гигавати, со дополнителна побарувачка од индустрискиот сектор до 2030 година, што бара натамошни вложувања во реорганизацијата на електричната мрежа и капацитетите за складирање на енергијата.
„Развојот на електроенергетската мрежа и складирањето на капацитетите во близна на соларните централи не се на нивото на коешто би требало да бидат“, рече Палкович додавајќи дека натамошните планови на владата ќе бидат претставени во октомври.
Порача воедно дека планираниот проект за проширување на капацитетите би можело да го продолжи рокот за употреба на реакторите во нуклеарната централа Пакс за две децении.
На крајот од август беше објавено дека рускиот нуклеарен гигант „Росатом“ ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните седмици. Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.
Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во ерата на поранешниот Советски сојуз, а како што тогаш рече министерот за надворешни работи Петер Сијарто тоа претставува „важна пресвртница и голем чекор“ во обезбедувањето на енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и кој ќе ги заштити Унгарците од „дивите промени во цените на енергијата“.
Нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година. Проектот кој во ЕУ го сметаат за контроверзен, е вреден 12,5 милијарди евра во голема мера е финансиран од Русија.