Унгарија го повика НАТО да ја преиспита поддршката за Украина

Владата на Унгарија во текот на своето инаугурационо заседание ги одобрила меморандумот адресиран на водството на НАТО и на земјите сојузници во кој се повикува да се преиспита политиката на Алијансата во однос на Украина поради кршењето на етничките и граѓански права, пишува во саботата киевскиот дневен весник Украинская правда, кој имал увид во целосниот текст на документот.

Во споменатиот меморандум, особено било истакнато дека „реформирањето на Украина доживеало неуспех“. Унгарската влада му забележува на Киев дека не успеал да оствари напредок „и покрај невидениот досега степен на политичка поддршка и финансиска помош“. Покрај тоа, во Будимпешта сметаат и дека Украина претставува „опасност за соседите“.

„Украинското општество ослаби до тој степен, што во моментов е неспособно да ги исполни своите основни обврски, вклучувајќи и да се обезбеди владеење на правото и ефикасно спроведување на економското, социјалното и политичкото управување“, се истакнува во меморандумот од кој дел цитира весникот.

Поаѓајќи од тоа, владата во Будимпешта предложила да се преиспита поддршката, којашто Алијансата му ја дава на Киев.

„Со цел да се одржи стабилноста во регионот на источната граница на Алијансата, НАТО мора да ја прилагоди својата политика кон Украина во овие новонастанати услови“,к се говори во документот.

Особено незадоволство во Унгарија предизвикуваат новите јазични норми, што меѓу другото беше и една од причините за бунтот на доминантно рускојазичните источни региони на Украина во март 2014 година, што доведе до воениот конфликт со владините сили. Како што и претходно беше најавено, во споменатиот документ на Будимпешта се предлага да бидат изоставени украинските национални малцинства кои се поврзани со земјите членки на НАТО, од дејствијата на „дискриминациските закони“ донесени од Киев.

Тензиите во односите меѓу Унгарија и Украина се појавија пред речиси две години во заднината на дискусиите за украинскиот закон за образованието, којшто, меѓу другото многу ја намалува можноста за образование на други јазици на националните малцинства. Во законот донесен пред четири години, беше забрането и користењето на јазиците во регионалните самоуправи.

Во владите на неколку соседни држави, во прв ред Унгарија и Романија, соопштија дека новите прописи ги нарушува правата на националните малцинства во Украина. Русија, исто така, дека законот за образование е спротивен на украинскиот устав и на меѓународните обврски преземени од владата во Киев.