Унгарија и Словенија бараат од ЕУ финансирање на крак за нивните гасоводни мрежи

Унгарија и Словени поднеле заедничко барање до Европската унија за финансирање на крај кој ќе ги поврзува гасоводните мрежи на овие две земји, што на Унгарија би ѝ овозможил да увезува течен природен гас (LNG) од Италија, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за агенцијата MTI.

Шефот на унгарската дипломатија изјавил во саботата за агенцијата и дека диверзификацијата на гасното снабдување за Унгарија.

„Имајќи ја предвид актуелната неизвесност во поглед на градењето на LNG терминал во Хрватска, факт е дека хрватската понудена цена е значително над пазарната, како и неизвесноста околу тоа кога американските и австриските гасни компании ќе може да го црпат гасот од романските гасни полиња кои се наоѓаат под морето, Унгарија мора да воспостави нови извори на снабдувањето со гас“, рече Сијарто.

Едно такво сценарио, според министерот, е увозот на течен гас преку италијанските пристаништа. Но, Сијарто додава дека инфраструктурата која на Унгарија би ѝ овозможила директно купување на LNG од Италија сѐ уште не е воспоставена. Тоа е причината поради којашто Унгарија го потпишала договорот со Словенија, појаснува Сијарто, истакнувајќи дека поврзувањето на гасните мрежи на двете земји ќе ѝ овозможи на Унгарија увоз на гас од Италија.

Унгарскиот министер, исто така, порача дека во тек се разговори а потребните капацитети на интерконекторот кој би ги поврзувал гасните мрежи на двете земји. Одлуката на Европскиот совет за тоа прашање се очекува пролетва, додава Сијарто.