Унгарија ќе испрати уште 2.100 полицајци на границата со Србија

Унгарија ќе испрати уште 2.100 полицајци на границата со Србија
Унгарија ќе испрати уште 2.100 полицајци на границата со Србија

Унгарската полиција ќе испрати 2.100 полицајци како засилување на границата со Србија, со цел да помогне за справување со зголемениот број имигранти.

Според полицијата засилувањето, што вклучува 2.106 полицајци опремени со хеликоптери, коњи и кучиња, ќе бидат распоредени на границата од 5 септември.

Унгарската влада објави дека Парламентот на следната седница ќе разговара за активирање на армијата за справување со зголемениот бран имигранти на јужната граница на земјата.

Судири помеѓу унгарската полиција и мигранти

Судири помеѓу унгарската полиција и мигранти на границата со Србија
Судири помеѓу унгарската полиција и мигранти на границата со Србија

Судири помеѓу унгарската полиција и мигранти на границата со Србија. Унгарската полиција денес фрлила солзавец на група од околу 200 мигранти кои што се обиделе да го напуштата прифатниот центар за бегалци во местото Реска, во близина на српската граница.

Портпаролот на полицијата Саболч Санти изјаил дека мигрантите одбивале да дадат отпечатоци од прстите и дека полицијата се обидува „да ја смири ситуацијата, но дека тие и понатаму викаат“, пренесува Танјуг повикувајќи се на АФП.

Унгарија е соочена со напливот на мигранти, на границата со Србија. На оваа гранична линија земјата одлучи да изгради ограда со цел да се спротивстави на најголемата бегалска криза од времето на Втората светска војна.

Унгарија ќе ја вклучи војската за справување со мигрантите
Унгарија ќе ја вклучи војската за справување со мигрантите

Унгарија ќе ја вклучи војската за справување со мигрантите

Инаку, денешните судири помеѓу унгарската полиција и мигранти, се случуваат во време кога унгарската Влада објави дека разгледува можност да ја употреби армијата за подобрување на безбедноста на границата со Србија каде што илјадници имигранти се обидуваат да влезат на територија на Европската унија.