Унгарска снимателка удира мигранти (ВИДЕО)

Унгарска снимателка удира мигранти
Унгарска снимателка удира мигранти

Снимателка на унгарска телевизија физички нападна бегалци кои се обудувале да го пробијат полицискиот кордон, кај унгарскиот прифатен центар Реске.

Таа сопнува човек кој трча и држи дете во раце и шутира девојче и момче.

На снимката од унгарската телевизија N1TV се гледа дека полицајците го стигнуваат човекот со детето, бидејќи претходно снимателката го сопнува и тој паѓа.

Оваа снимателка, која унгарските медиуми ја идентификуваа како Петра Ласло, после инцидентот, наводно, добила отказ, пренесе РТС.

Мигрантите од прифатниот центар Реске се обиделе да се вратат назат во Србија, но унгарската полиција не ги пуштила.