Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ изрази поддршка за лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
„Ние членовите на унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ како основоположници и учесници во создавањето на самостојна Република Македонија и втемелувачи на ВМРО-ДПМНЕ, обединети и едиствени ја изразуваме нашата безрезервна подршка во политиките и лидерството во водењето на партијата од страна на претседателот Христијан Мицкоски. Во овие можеби најтешки историски времиња за опстанокот на модерната македонска држава, ВМРО-ДПМНЕ предводена токму од Христијан Мицкоски кој со својот реализиран патриотизам но и разум е единственот бедем во одбрана на националните и државни и интереси на Република Македонија. Единствено ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски се гарант за иднината на Република Македонија и македонскиот национален идентитет“, пишува на Фејсбук Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и додава:
„Да живее ВМРО-ДПМНЕ. Да е од Бога благословена и вечна љубовта кон Македонија. Светата борба за нашата кауза продолжува, до конечната победа“!