УНИЦЕФ информира дека масовното затворање на улилиштата поради пандемијата директно погодило речиси половина милијарди деца, коишто не биле во состојба да ја следат наставата во своите домови.
„За најмалку 463 милиони деца чии училишта се затворени поради Ковид-19, немаше такво нешто како учење од далечина. Толкавиот број на деца чие образование е целосно нарушено со месеци е вонредна состојба во образованието на глобално ниво. Последиците би можеле да се почувствуваат во економиите и општествата во наредните децении“, вели извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форт.
Во извештајот на УНИЦЕФ се укажува на значајна нееднаквост по региони, а децата во субсахарска Африка се најтешко погодени.
Кога станува збор за бројките, најмногу деца се погодени во регионот на Јужна Азија, каде што таа бројка изнесува најмалку 147 милиони деца.