Организацијата на Одинетите нации која згрижува деца – УНИЦЕФ, објави дека во палестинската енклава Појасот Газа бремените жени повремено се раѓаат со царски рез без анестезија поради недостигот од лекови.
Организацијаа извести и дека проблемот не е само во недостигот од анестетици во болниците, туку и во тоа што, поради пренатрупаноста, мајките мораат да ги напуштат тие институции само три часа по породувањето.
Меѓу другите, една медицинска сестра раскажала дека била принудена да породи со царски рез шест мртви мајки за осум седмици, за да ги спаси барем нивните новороденчиња.
Портпаролката на УНИЦЕФ, Тес Инграм, го посети Појасот Газа и разговараше со новинарите во Женева преку видео-врска по пристигнувањето во Јордан во петокот.
Меѓу друготе, таа го наведе примерот на младата трудница Машаел, чиј дом бил погоден со проектил или бомба. Нејзиното бебе престанало да се движи во утробата, поради што била сигурна дека детето починало. Инграм ја сретнала еден месец по нападот, но младата жена сѐ уште чекала лекарска помош.
Друга млада трудница, Амал, во шестиот месец од бременоста, била заробена под урнатините на нејзината куќа по уште еден од континуираните израелски напади. Но, нејзиното бебе сепак се родило здраво. Иако младата мајка била и повредена и болна, таа немала друг избор освен да се врати со новороденото девојче во засолниште коешто самата го изградила во една од улиците на Рафах.
Многу млади мајки не можат да ги дојат своите новороденчиња поради шокот и ужасните услови за живот. Речиси нема бебешка храна. Во исто време, расте загриженоста за долгорочните последици што оваа состојба може да ги има врз новороденчињата. Инграм затоа го повика светот да посвети поголемо внимание на децата во областите зафатени од војна. Таа рече дека од 7-ми октомври во воената зона во Појасот Газа се родени речиси 20.000 бебиња.
„Мајките се соочуваат со незамисливи проблеми кога е во прашање исхраната, пристапот до соодветна медицинска нега и заштита пред, за време и по породувањето. Тоа што сте станале мајка треба да биде нешто позитивно, треба да биде причина за славење … , но во Газа тоа е доаѓање на уште едно дете, не во светот, туку во пеколот“, рече Инграм.
„Човештвото не смее да дозволи оваа искривена верзија на нормалата да продолжи да постои. На мајките и на новороденчињата им треба хуманитарен прекин на огнот“, рече таа.