Данското предградие Наерум во Копенхаген е дом на една од визуелно најпривлечните „овални градини“ во светот.
Сорен Карл Теодор Мариус Соренсен се смета за еден од најголемите пејзажни архитекти кои некогаш живееле, а овалните градини во Наерум се еден од неговите најпознати проекти. Во 1948 година, 40 овални градини, секоја приближно 25 × 15 метри во големина, беа поставени на тревникот помеѓу социјалните станови од едната страна и традиционалните градини од друга страна. Сопствениците можеа слободно да ги поставуваат своите колиби, да изберат жива ограда и да ја дизајнираат внатрешноста на нивните парцели, но Соренсен дал некои упатства,но нешто како водич, а не како правило. Седум децении подоцна, овалните градини на Наерум сè уште се една од најубавите атракции во данската престолнина.
И покрај слободата на дизајнот што секој сопственик на градина ја уживал со текот на годините, овалните градини на некој начин отсекогаш задржувале одредена конзистентност, како на пример со средена жива ограда која и дава шарм на локацијата.
Недостатокот на патен пристап до имотите на почетокот може да изгледа како грешка, но тоа е намерно. Данскиот архитект сакал да ги охрабри сопствениците да пешачат повеќе, пред да влезат во нивните автомобили, како и со прошетката низ овалните градини да имаат близок контакт со соседите.