Уништен украински ракетен брод крај Одеса, руските сили собориле и два бомбардера

Руското министерство за одбрана во неделата ги потврди претходните податоци дека во текот на изминатата ноќ во дејствијата на руските сили во Украина е потопен ракетен чамец на украинската воена морнарица, како и два бомбардера на украинските воздухопловни сили.

Како што прецизираше портпарокот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, во областа на црноморскиот пристанишен град Одеса со високопрецизни проектили истрелани од воздух била уништена корвета од ткн „проект 1241“.

Според советската класификација, вродовите од проектот 1241 „Молња“ припаѓаат на класата ракетни чамци, но во НАТО класификациите се сметаат за ракетни корвети од гласата „Тарантула“. Овие пловила носат четири противбродски проектили и може да бидат сериозна закана за бродовите од повисока класа.

Покрај тоа, над Змискиот остров, кој на почетокот од воените дејствија го заземаа руските, сили, биле соборенни два украински бомбардера од типот „Су-24“ и еден борбен хеликоптер од моделот „Ми-24“.

Според руското министерство за одбрана, во последните 24 часа уништени се вкупно четири украински борбени авиони, четири борбени хеликоптери и еден јуришен чамец.

Конашенков додал и дека изминатата ноќ во напади на руската авијација бил уништен команден пункт на украинска механизирана бригада во Харковската област, како и комуникациски јазол на воениот аеродром во Червеноглинско.

Во посочениот перидот, според Конашенков, биле погодени вкупно 130 воени објекти во Украина, од кои три командни места, 123 локации на концентрација на жива сила и воена опрема, две артилериски батериии на стрелачки позции и две складишта со ракетно и артилериско оружје и минуција ворегионите Бахмит и Карснопоље.

„Како резултат на ударите, уништени се до 420 националисти (украински борци), а онеспособени се 55 единици на воена опрема“, прецизираше Конашенков.

Украинската страна, пак, тврди дека нејзините сили нанеле повеќе удари врз Змијскиот остров при што уништиле два руски патролни чамци „Раптор“, мал десантен чамец и противвоздушен систем „Тор“, а 80 руски војници „потонале“, пренесува агенцијата Укринформ, циртирајќи го видео обраќањето на Сергеј Братчук, портпарол на воената управа на Одеса.