При воздушните напади на коалицијата предводена од САД е уништено нафтено наоѓалиште во источна Сирија, кое било под контрола на ИД – Исламска држава, соопшти американската армија, пренесува МИА.
Во соопштението се наведува дека воздушните напади синоќа биле насочени врз рафинерите контролирани од ИД и центрите за команда и контрола во нафтеното наоѓалиште Ал Омар во близина на градот Деир ал Зур.
Коалицијата предводена од САД синоќа нападнала 26 цели во Сирија.
Според американските процени дека ИД од експлоатација на нафтеното наоѓалиште Ал Омар заработува од 1,7 до 5,1 милиони долари месечно.