Водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во југоисточна Европа, „United Group“ објави дека потпишала договр за преземање на најголемата бугарска медиумска компанија со најмногу платформи „Nova Broadcasting Group“ од „Advance Media Group“.
Се очекува дека трансакцијата ќе биде завршена на почетокот од следната година, по вообичаените одобрувања од регулаторните тела. Дел од „Nova Broadcasting Group“ е бугарската национална телевизија Нова ТВ, десетина телевизиски канали, четири радио станици и најголемата онлајн платформа НетИнфо, којашто секој месец ја следи во просек 80 отсто од бугарското население.
Оваа иневстиција претставува четвртата голема аквизиција откако „BC Partners“ стана мнозински сопственик на „United Grоup“, во март 2019 година. Групацијата којашто работи во осум земји, има приближно 10 милиони корисници и 11.000 вработени.
Во Хрватска, на пример, во рамките на групацијата „United“ делуваат телеком операторот „Telemach Hrvatska“ и телевизиите и порталите Sport Klub и N1, Nova TV, Doma TV како и порталот dnevnik.hr.
Извршната директорка на „United Group“, Викторија Боклаг, изјави дека се задоволни од договорот, бидејќи купуваат успешна компанија од два истакнати претприемачи со големи шанси за натамошен раст во рамките на групацијата.
„Новата аквизиција е во согласност со целокупната стратегија на делување на United Group која поседува телекомуникациски и медиумски компании на пазарите на коишто работиме. Nova Broadcasting Group го комплетира нашиот постоен медиумски портфељ и убедена сум дека ќе најдеме синергија којашто на секој пазар ќе ни овозможи натамошни вложувања во локалната содржина која брзо ќе дојде до публиката“, порача Боклаг.
Извршниот директот на бугарската „Advance Media Group“, Георги Домусчиев, изјави дека оваа аквизиција претставува голем успех и е одлична шанска за Нова ТВ, за нејзините гледачи, слушатели и читатели. Изрази и благодарност до сите кои им помагале да ја развијат водечката бугарска комерцијална медиумска групација.
„Договорот со United Grоup че обезбеди континуиран развој на Нова ТВ“, истакна Домусчиев.