Уште едно од апсурдните тврдења на обвинителката Лиле Стефанова и нејзината конструкција на случајот „Титаник“ денес исплива на површина.
Двајца банкарски службеници денес во својство на сведоци на Стефанова во целост ги разбија тврдењата за наводни незаконски уплати на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
Двајцата како шалтерски службеници за уплата и исплата на готовина во 2011 во НЛБ банка пред судот истакнаа дека согласно процедурите на банката и законот, уплати до 60.000 денари од други лица биле дозволени и секојдневни.
Токму главната теза на СЈО кога го отвори овој случај беше тоа дека партијата организирала и примала средства во име на други лица над дозволениот износ. Денешните сведоци го разбија ова тврдење со фактот дека тие како шалтерски работници секојдневно примале уплатници од повеќе физички лица донесени од едно лице со цел уплата на средства кон правни лица.
Со оглед на тоа дека уплатниците биле во рамки на дозволениот износ во 2011 од 60.000 денари истите биле нормално процесирани. Оваа пракса била вообичаена за банката и не постоеле ограничувања на бројот на уплати кое едно лице може да ги уплати за други лица доколку не е надминат лимитот од 60.000 денари, нешто што не било во овој случај надминато.
Со овие сведочења по којзнае кој пат паѓаат во вода тезите на Стефанова и СЈО за организирано перење пари и злосторничко здружување со цел ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите.