Од Управниот суд соопштија дека ќе бидат разгледани две тужби на СДСМ. Во 18 часот ќе се одржи јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ за УРП.бр.513/2016 за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-493 од 17.12.2016 година.
Во 18:30 часот ќе се одржи јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ УРП.бр.514/2016 за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-490 од 17.12.2016 година.
Советот на судии е составен од Весна Јовановска, претседател и членовите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски.
Коалицијата предводена од СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд, а една тужба поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
Управниот суд има рок од 48 часа да постапува по овие тужби и рок од 24 часа одлуките да ги објави на веб страницата на Судот, која е конечна.