Ураганот Мајкл го погоди во средата северозападниот копнен дел од Флорида, со брзина на ветрот од 249 километри на час и со потенцијално разорна бура за коајшто се очекува дека ќе биде најголемата којашто кога и да е е регистрирана во овој регион.
Ураганот Мајкл, кој изненади со своето нагло јакнее откако се придвижи кон северот преку Мексиканскиот залив, предизвика одрони во местото Мексико Бич, како ураган од четврта категорија на Сафир-Симпсоновата скала од пет степени
Имињата на тропските бури се даваат кога брзината на ветрот кој ја придружува достигнува 62 километри на час. За да се прогласи во ураган од прва категорија според скалата Сафир-Симпсон, која ја проценува потенцијалната штета од стихијата, брзината на неговиот ветар треба да надминува 120 километри на час. Доколку, пак, брзината на ветрот надминува 150 километри на час, тогаш категоријата на ураганот се зголемува во втора, а при ветрови од 180 километри на час до трета и со 210 км/час во четврта категорија. Петтата, најопасната категорија, се прогласува за урагани со брзина на ветерот поголема од 250 километри на час.
Во врска со Мајкл, се стравува дека бурата може да предизвика подигнување на нивото на морето на повеќе од четири метри над нормалата во поедини области, преупреди американскиот Национален центар за урагани.
Ураганот, пред да предизвика одрони, корнеше стебла и предизвика поплаво во Порт Сент Џо и Апалачикола, каде што е забележано зголемување на нивото на водата од метар и половина. „Невозможно беше да се предвиди која следното дрвп ќе падне колку ѕверски дуваше“, изјави тамошниот градоначалник.