Ако до сега сте се чувствувале виновни кога сте уринирале во море, нема потреба за тоа. Научниците велат дека е ОК. Самото уринирање во море или океан е безопасна работа, па дури и корисна за морскиот живот.
Иако телото исфрла урина за да се ослободи од несакани хемиски супстанции, тоа не значи дека е штетно. Поточно составот на урината и морската вода не се разликува премногу.
Урината се состои од 95 отсто вода, а во себе содржи јони од натриум хлорид. Морската вода исто така во својот состав содржи натриум хлорид, само во поголема концентрација.И двете течности во себе содржат калиум. Кога ќе излезе од телото урината е стерилна. Дури кога ќе го напушти телото започнува да привлекува милиони бактерии, но ништо од тоа нема да се уфрли во водата.
Научниците тврдат дека и сите жители на Земјата да уринираат во море во ист момент, нема да има штета. Урината сама по себе е безопасна, а кога ќе се помеша со морска вода станува безначајна. Постојат многу поштетни работи во морето и океанот од нашата урина.
Неодамнешното истражување покажало дека 62 отсто од капачите уринираат во море.
Но во морето не уринираат само луѓето туку и животните кои живеат во него, па така само еден кит дневно испушта 970 литри вода.
Научниците апелираат да не уринирате во заштитени подрачја, базени, помали езера бидејќи може да доведе до здравствени проблеми.