УС Опен: Во полуфиналето Киз против Сабаленка, Алкараз против Медведев

Шпанецот Карлос Алкараз и Американката Медисон Киз се пласираа во полуфиналето во машка и женска конкуренција на УС ОПЕН, последниот Грен слем турнир во сезоната.

Бранителот на титулата од минатата година, Алкараз во четвртфиналето го победи Германецот Александар Зверев со 6-3, 6-2, 6-4, додека американската тенисерка ја победи годинешната победничка на Вимблдон, Маркета Вондроусова со 6-1, 6-4.

Во полуфиналето во машка конкуренција Алкараз ќе игра против Русинот Данил Медведев, а Србинот Новак Ѓоковиќ против Американецот Бен Шелтон.

Во женскиот дел од конкуренцијата Медисон Киз ќе ги вкрсти рекетите со Белорусинката Арина Сабаленка, а нејзината сонародничка Коко Гоф ја чека дуел со Каролина Мучова од Чешка.

Полуфиналниот ривал на Алкараз, Медведев, во претходниот натпревар го победи својот сонародник Андреј Рубљев со 6:4, 6:3, 6:4.

За Киз ова е трет пласман во полуфиналето на УС Опен, во 2018 година беше елиминирана од Јапонката Наоми Осака, а годината пред тоа ја победи КоКо Вандевеге за да загуби во финалето од сонародничката Слоун Стивенс.