Хрватското министрество за надворешни и европски работи во соработка со хрватската амбасада во Скопје организираше враќање на 105 хрватски државјани од Македонија, беше соопштено во четвртокот.
Станува збор за петтата по ред репатријaција на хрватски државјани од Македонија
„Во Хрватска во четвртокот пристигна конвој од 36 возила, со вкупно 105 хрватски државјани“, соопшто министертвото.
Од почетокот на пандемиската криза до денека, хрватската амбасада во Скопје организирала репатријација за вкупно 238 хравтски државјани коишто искажале интерес да се вратат во Хрватска, е додава во соопштението.
Имајќи предивид дека аеродромот Скопје е затворен за сообраќај, враќањето на хрватските државјани од Македонија се одвивал по копнени пат преку територијата на Србија, со помош на хрватската амбасада во Белград.
Се појаснува и дека „организацијата на овие репатријации дополнително биле отежнати од фактот дека границите на Република Србија се затворени, поради што неопходно било да се донијат дозволи за транзит“.