Во изминатите 24 часа регистрирани се само 46 заразени со Ковид-10, но направен се и мал број на тестирања, односно 378. Според податоците на Министерството за здравство, пак, 12 заразени ја изгубиле битката со вирусот.
-Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.). Пациентите се починати во болнички услови, велат од министерството.
Вкупниот број на починати се искачи на 2.522.
Од вкупниот број тестови, околу 60% биле направени во приватни клиники и лаборатории. Или, според тоа каде се направени тестовите:
- Институт за јавно здравје – 106;
- Жан Митрев – 75;
- Систина (ПЦР метода) – 155;
- Инфективна клиника – 2;
- Јавни здравствени установи (брз тест) – 40.
Во другите лаборатории воопшто не се направени тестови за ковид-19 во изминатото деноноќие.
Новите позитивни случаи, во најголем дел се во Скопје (22). Потоа следат Струга и Кавадарци.
- Скопје – 22;
- Струга – 7;
- Кавадарци – 4;
- Гостивар – 3;
- Охрид – 3;
- Куманово – 2;
- Тетово – 1;
- Прилеп – 1;
- Македонски Брод – 1;
- Ресен – 1;
- Неготино – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти и тоа од:
- Скопје-295;
- Куманово-13;
- Штип-7;
- Прилеп-39;
- Тетово-12;
- Струга-3;
- Велес-4;
- Битола-9;
- Охрид-33;
- Кавадарци-41;
- Гостивар-9;
- Гевгелија-4;
- Струмица-16;
- Крива Паланка-3;
- Кочани-2;
- Пробиштип-2;
- Македонски Брод-2;
- Валандово-6;
- Кратово-1;
- Свети Николе-2;
- Кичево-4;
- Ресен-2;
- Неготино-17.