Уште 21 починат и речиси 600 новозаразени со коронавирусот во Македонија

Во последните 24 часа со 2.206 тестови во Македонија се регистрирани 592 нови случаи на зараза со коронавирусот, а во истиот период од последниот пресек од средата кон четвртокот регистрирани се уште 21 смртен исход поврзан со компликации предизвикани од Covid-19, соопшти во четвртокот вечерта Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата кон крајот на февруари изнесува 80.407 лица, во меѓувреме оздравени се 57.434 пациенти, а починале 2.375 луѓе. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 20598.

Најголем број, вкупно 259 новозаразени, повторно се регистрирани во Скопје, двоцифрени бројки на нови заразеи има во Кавадарци-35, Куманово-31, Прилеп-30, Охрид-28, Битола-24, Гостивар-21, Струга-21, Тетово-18, Велес-17.

Следат Дебар со 7 новозаразени,  Штип-8, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-10, Ресен-7, Неготино-12.

Од починати 21, најмладата жртва на Covid-19 е 52-годишен пациент од Валандово, а највозрасниот е на 85 години од Битола.

Починати се шест пациенти од Скопје (н79,78,68,62, 64 и 53 години), двајца од Куманово (69 и 78), двајца од Тетово (60 и 72), тројца од Прилеп (61,77 и 85), еден пациент од Штип (87), еден од Охрид (77), еден од Струга (69), двајца пациенти од Битола (64 и 85), еден од Струмица (83), еден од Берово (59) и еден пациент од Валандово на 52 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-245, Куманово-26, Штип-28, Прилеп-76,  Тетово-23,  Струга-12, Велес-23, Битола-47, Охрид-13, Кавадарци-25, Гостивар-29, Гевгелија-17, Струмица-19, Крива Паланка-2, Радовиш-5, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-16, Валандово-1, Виница-2, Делчево-12, Кратово-4, Свети Николе-7, Кичево-11, Ресен-7 и Неготино-18.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 34687, активни 11679
  • Куманово 4577, активни 569
  • Дебар 605, активни 129
  • Штип 3233, активни 323
  • Прилеп 4057, активни 681
  • Тетово 4668, активни 942
  • Струга 1958, активни 356
  • Велес 2669, активни 548
  • Битола 2934, активни 649
  • Охрид 2295, активни 588
  • Кавадарци 1994, активни 578
  • Гостивар 3308, активни 624
  • Гевгелија 1098, активни 296 (74 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 186 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 2219, активни 629
  • Крива Паланка 586, активни 121
  • Радовиш 592, активни 125
  • Крушево 155, активни 66
  • Кочани 1561, активни 257
  • Пробиштип 438, активни 51
  • Демир Хисар 230, активни 39
  • Македонски Брод 209, активни 29
  • Пехчево 133, активни 16
  • Берово 485, активни 62
  • Валандово 291, активни 64
  • Виница 435, активни 67
  • Делчево 660, активни 216 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 187, активни 20
  • Свети Николе 1027, активни 135
  • Кичево 1542, активни 265
  • Ресен 613, активни 136
  • Неготино 961, активни 338 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

Направените 2206 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-60,  Авицена-218, Биотек-138, МАНУ -145,  Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-4, ЦЈЗ Битола-73, Инфективна клиника-1, ГАК-16, Синлаб-23, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -693, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 388.485 тестирања на Ковид -19.