Бројката потврдени случаи на зараза со новиот коронавирус во Македонија во претходното деноноќие се зголемо за 22, а починале уште два пациента, покажуваат во вторникот објавените податоци на Министерството за здравство.
Според севкупните податоци, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во земјата, потврдени се 1.839 случаи на зараза, од кои 106 имале смртен исход, а оздравеле 1.351 пациент во болниците. Бројот на активните случаи во моментов изнесува 382.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 22 нови случаи на респираторното заболување Covid-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Направени се 533 тестирања, што значи дека октриените случаи се сѐ уште на високи 5 отсто, а досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на SARS-CoV-2 вирусот.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на корнавирусот во Битола.
Во скопската Градска општа Болница „8-ми Септември“ починаа 78-годишен пациент од Скопје примен на 7-ми мај и 77-годишен пациент од Тетово, на болничко лекување од 14ти. мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти.
– Скопје 16
– Куманово 10
– Прилеп 6
– Тетово 15
– Велес 1
– Крива Паланка 1
– Валандово 1