
Утринава околу 04.00 часот на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, кај населбата Три чешми, полициски службеници забележале товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело од Штип кон селото Кадрифаково.
Во еден момент возачот го запрел возилото и го напуштил местото.
Полициските службеници извршиле преглед на возилото, при што во просторот определен за товар биле затекнати 63 мигранти од кои 18 малолетни лица (62 лица биле од Авганистан и едно од Сомалија), соопштуваат од МВР.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.