Во изминатите 24 часа во Грција починаа уште четири лица од Ковид-19, а вкупниот број на жртвите се зголеми на 134, додека пак регистрирани се нови 11 случаи на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, вкупниот број заразени лица е 2.517, од кои 55, 5 отсто се мажи.
Хоспитализирани и приклучени на апарати се 46 лица, а од одделите за интензивна нега отпуштени се 64 пациенти.
Во однос на смртните случаи, бројката се зголеми на 134, откако починаа уште четворица, а просечната возраст на починатите била 74 години.
Досега во Грција се анализирани 64.608 примероци.