Уште еден случај во Македонија со индискиот сој на коронавирус

Во Македонија вчера е детектиран нов случај на индискиот сој на пациент кој се лекува во Велес. Тој има лесна клиничка слика. Министерот Филипче потврди дека се прават испитувања за уште четири пациенти.

„Детектиран е уште еден случај, кој се лекува во Велес, и има лесна клиничка слика и чекаме резултати за четири пациенти, само еден е во потешка слика на респираторна машина, другите со стабилна клиничка слика. Скринингот кој се прави на тестовите ја исклучува британската варијанта. Што значи дека секаде каде скринингот ќе покаже дека не е британската варијанта, се прави испитување дали е индискиот сој.

Треба да имаме поорганизирана комуникацијата, за да завземеме заеднички став. Би биле вкупно осум. Не се поврзани случаите меѓу себе. Тоа што сега следиме, сега излегуваат соодветно издржани публикации за овој сој“, рече Филипче кој додаде дека четирите пациенти кои се испитуваат, не се поврзани со случајот во Велес.